Секоја врска, односно секој пар поминува низ фази кои на крајот можат, но не мора да доведат до брак.
Венчавката е за оние кои сакаат убав и посебен настан во животот, можност за остварување на соништата од детството, забава за семејството и пријателите.
Три фази низ кои парот треба да помине пред да стапи во брак:
1. Романтична фаза
На почеток од врската преплавени сме со хормони кои го зголемуваат задоволството, мотивацијата, довербата, поврзаноста, сексуалното возбудување, привлечноста. Истовремено ја намалуваат тагата, стравот и здодевноста.
Станува збор за фаза на заљубување во која веруваме дека сме ја пронашле својата сродна душа и дека ништо лошо не може да се случи понатаму. Многу од луѓето баш во оваа фаза носат одлука за брак или пак запросување, меѓутоа понекогаш добро е да размислите затоа што во оваа фаза нашиот поглед кон партнерот донекаде е погрешен затоа што гледаме низ розовите очила.
2. Фаза борба за моќ
По неколку месеци или години, доаѓа до следната фаза – борба за моќ. Хемијата исчезнува и ние полека почнуваме да угледуваме дека нашиот партнер всушност не е совршен.
Иако некои одлучуваат да направат сè за партнерот да го вратат во првата фаза од врската, сепак не може да се вратите таму, а вие сте останале само без розовите очила. Сега само се наметнува прашањето дали личноста која ја запознавате во таа фаза е личноста со која може да го поминете останатиот дел од животот.
3. Фаза на зрела љубов
Еднаш кога ќе останете без розовите очила го запознавате партнерот и тој ни се допаѓа таков каков што е, а тогаш врската влегува во третата фаза – фаза на зрела љубов. Во таа фаза ќе донесете конечна одлука за брак, а на бракот ќе почнете да гледате како на нешто што има сериозна улога.
Ќе сфатите дека бракот е однос во кој ќе продолжите заедно да растете со вашиот партнер. Дури и вашите конфликти ќе бидат можности за раст и учење. Партнерот ќе стане ваш сојузник во настојувањата да ги остварите вашите потенцијали.