Кога станува збор за врските, навистина е лесно да мислиме дека сме невини и дека не можеме да направиме ништо лошо. Никогаш не ги признаваме (или не сакаме да ги признаеме) своите грешки и недостатоци, особено пред нашиот партнер. Сепак, постојат некои работи што другите луѓе ги гледаат кај вас, а вие не сте свесни дека тие воопшто не се добри. Овие 18 знаци откриваат дека вие можеби сте лоша девојка.
1. Никогаш не сте размислувале да ја платите вечерата или барем да понудите да ја платите
Не треба само едниот партнер да ја финансира целата врска. Потрудете се и вие да ја плаќате сметката понекогаш или барем да ја поделите.
2. Љубоморни сте кога партнерот се радува за нешто што не е поврзано со вас
И партнерот има право да има убав работен ден или да биде среќен за својот пријател, а вие треба да бидете среќни за него.
3. Започнувате расправии без причина
Понекогаш, може да се чувствувате здодевно, па затоа намерно создавате драма и се расправате околу бесмислени работи само за да ја направите вашата врска повозбудлива. Потоа, очекувате кралски третман откако ќе победите во расправијата.
4. Вие избирате што ќе правите
Можеби партнерот ќе предложи нешто, но вие го одбивате тоа затоа што тоа не е она што го сакате, односно ретко правите компромис.
5. Љубоморни сте кога има друга девојка во просторијата, дури и ако таа не претставува закана
Тоа што партнерот има пријателки, не ви дава право да му наредувате со кого ќе се дружи. Вашиот партнер избрал да биде со вас, но вие не можете да ги промените неговите пријатели.
6. Не купувате внимателно одбрани подароци
Не само што не трошите многу пари, туку купувате и лоши подароци. Згора на тоа, вашиот изговор е дека не знаете што сака партнерот. Тоа покажува дека не го слушате додека зборува или не знаете што го интересира.
7. Зборувате дека сакате да излезете со друга личност
Ако тоа што сте во врска не ве спречува да им кажувате на пријателките дека сакате да излезете со некое згодно момче, вие сте навистина лоша девојка. Исто така, отворено признавате дека посакувате слобода.
8. Се однесувате кон партнерот полошо отколку тој со вас затоа што знаете дека вие сте подобра од него
Ова не треба да биде изговор да злоупотребувате некого.
9. Се жалите од партнерот пред вашите пријателки
Во тоа нема ништо позитивно.
10. Постојано очекувате најдобар третман
Мислите дека заслужувате да бидете третирани како принцеза и настанува проблем ако тоа не е така. Секој треба да се однесува со почит , но не може вие да очекувате партнерот да се однесува со вас како кон кралица ако вие за возврат го третирате како слуга.
11. Одбивате да поминувате време со неговите родители, но сакате тој да поминува време со вашите
Мора двајцата да се потрудите да поминувате време со семејството на партнерот колку што е можно повеќе.
12. Постојано го проверувате телефонот на партнерот
Без разлика дали тој знае за тоа или не, нарушувањето на неговата приватност ве прави лоша девојка.
13. Не се трудите многу во спалната соба
Ако партнерот е горе девет од десет пати, а вие само лежите, веројатно тој ќе се чувствува непосакувано.
14. Се обидувате да прикажете дека сте сингл на социјалните мрежи
Дали се плашите дека луѓето ќе престанат да ве следат на социјалните мрежи? Во секој случај, погрешно е да не го вклучувате партнерот во вашите објави.
15. Очекувате од партнерот сам да ги заврши сите домашни обврски затоа што сметате дека тоа е негова одговорност
Во врската сè треба да биде еднакво. Никогаш не треба да очекувате од партнерот да прави повеќе од вас во кој било аспект.
16. Го изневеривте партнерот и не сте искрени
Неверството не мора да биде физичко, туку може да станува збор и за допишување, флертување, танцување или други други сомнителни работи направени зад грб. Што и да сте направиле, тоа не е во ред и дефинитивно ве прави лоша девојка.
17. Се лутите кога партнерот се дружи со своите пријатели
Дури и ако тоа го прави кога вие сте зафатени, вие се лутите. Секој треба да има свои пријатели и треба да прифатите дека живот на партнерот не се врти само околу вас.
18. Немате доверба во партнерот
Можеби партнерот не ви дал причина за тоа, но вие, сепак, секогаш се сомневате во неговата лојалност. Ако тоа е така, тогаш зошто сè уште сте со него?
Ако се пронајдовте во најмалку 10 од овие знаци, треба да размислите да промените нешто во вашата врска или да го промените вашето однесување. Некои од овие работи се многу проблематични и ве прават лоша девојка во сериозна, зрела и долготрајна врска.
извор: кафепауза