Утрешниот ден ќе биде малку посебен за сите што имаат партнери.
На 17 ноември секој треба многу внимателно да го следи партнерот, бидејќи во овој ден е најверојатно тие да бидат изневерени, пишува “Метро”.
Според истражувањето на сајтот за вонбрачни состанувања Illicitencounters.com, 80 проценти од испитаниците планирале да скршнат од вистинскиот пат токму на 17-ти. Истражувањето опфати 500 веб-администратори, корисници на сајтови.
Оваа недела е особено корисна за неверниците. Веќе во понеделник и вторник, на дејтинг сајтот се зголемил сообраќајот за 41 отсто. Огромниот скок се очекува во текот на целата недела, со врв во петокот, 17 ноември.
Сега е најсоодветно време за вонбрачни авантури, бидејќи потоа доаѓа божиќно-новогодишната сезона кога семејните обврски се зголемуваат експоненцијално и едноставно нема време за незабележани авантури надвор од бракот.
Празничната сезона е неповолна за сите кои имаат љубовници.