Почетокот на врските најчесто е најдобар период кога паровите прават сè што сакаат и се подготвени на секаква авантура.
Но, како што поминува времето, така подобро се запознаваат и почнуваат да паѓаат во монотонија, или едноставно се менуваат.
После одреден период може да забележите дека врската веќе не е тоа што била на почетокот, а има знаци кои укажуваат на тоа дека не сте создадени еден за друг.
1. Почнувате да живеете одвоен живот и ретко планирате заедничко излегување.
2. Не се согласувате речиси во ништо и не наоѓате заеднички јазик.
3. Се гледате со пријателите и колегите почесто отколку со партнерот.
4. Многу ретко имате интимни и страсни моменти.
5. Веќе не се држите за раце и не разменувате нежности.
6. Седите само дома и се однесувате како цимери.
7. Се расправате повеќе отколку што разговарате.
8. Престанувате да ги правите работите во кои претходно сте уживале.
9. Се обвинувате еден со друг за сè лошо што ви се случува во животите.
10. Почнувате да гледате други момци/девојки кои ве привлекуваат.
11. Флертувате со други и си барате резервна опција.
12. Почнувате да се сомневате во тоа како изгледа љубовта и што е тоа што го имате.
13. Се прашувате дали вашиот бивши партнер бил вистинската љубов за вас.
14. Вашите блиски луѓе се загрижени за вас и вашата врска.
15. Чувствувате дека нема ништо да изгубите ако веќе не се гледате