Кога станува збор за врските, веројатно се имате запрашано како некои луѓе завршуваат заедно. Зошто едноставно не ја прекинат врската штом не го добиваат она што го сакаат и што го заслужуваат? Најголем дел од проблемот е тоа што голем број од жените не се целосно сигурни како изгледа здравата врска и како би се однесувал добриот партнер со нив. Следниве знаци покажуваат дека сте во врска со добра личност.
1. Постојано ве потсетува колку ве сака
Ако партнерот навистина ве сака, ќе ви го даде тоа до знаење. Секогаш ќе ја чувствувате неговата љубов и ќе се чувствувате ценето и почитувано.
2. Секогаш ве поддржува
Без разлика дали сакате да учите втор јазик или сакате да останете дома и да се грижите за децата, добриот партнер ќе ја поддржува вашата желба. Никогаш нема да ве обесхрабри и ќе биде покрај вас секој чекор од патот што сте го одбрале.
3. Ве инспирира
Добриот партнер ќе ве инспирира да станете подобра личност која знае што сака. Неговите амбиции многу ќе ви помогнат во тоа.
4. Сака да му верувате
Добриот партнер сака да се чувствувате удобно и сигурно во вашата врска. Темелот на сето ова е довербата, а тој е свесен за тоа. На партнерот му е јасно дека довербата не се подарува, туку се заслужува.
5. Прави да се чувствувате убаво
На вашиот партнер му е јасно дека нема да го постигне ова само ако ви каже дека сте убави. Тој го покажува ова мислење со начинот на којшто ве гледа и ве допира, како и со неговото однесување.
6. Прави да се чувствувате сигурно
Еден од најдобрите комплименти што можете да му ги дадете на маж е да му кажете дека се чувствувате сигурно со него. Доколку навистина сте безбедни покрај него, тој е вистинскиот.
7. Прави мали работи за вас
Без разлика колку мали му изгледаат некои работи, тој ќе ги направи доколку ве прават среќни.
8. Никогаш не ја поминува границата
Сосема нормално е да постојат несогласувања, но не постои причина зошто тие да се претворат во навредливи или насилни. Добриот партнер останува мирен и се фокусира на темата за којашто разговарате.
9. Секогаш работи на себе
Без разлика дали станува збор за учење нешто ново, читање книга или гледање документарец, добрата личност секогаш работи на себе. Ова самоподобрување има навистина позитивно влијание и на вашата врска.
10. Знае дека делата кажуваат повеќе од зборовите
Поради вашиот партнер ќе сфатите дека луѓето кои даваат лажни ветувања не ја заслужуваат вашата почит. Оние кои ги исполнуваат ветувања ја заслужуваат, а партнерот е еден од нив.
11. Отворено разговара со вас
На некои луѓе им е тешко да зборуваат за нивните емоции и стравови, но вистинската личност ќе ви помогне да ја отворите и таа врата. На добриот партнер му е јасно дека некои работи не се споделуваат со другите, но тој никогаш нема да ги сокрие неговите емоции или мисли од вас.
12. Искрен е со вас
Во текот на градењето среќна и здрава врска, добриот партнер знае дека искреноста е најдобрата стратегија.
13. Прави да се чувствувате удобно кога сте искрени
Удобноста во врската произлегува од способноста да бидете отворени и искрени со партнерот. Ќе го направите ова само кога знаете дека нема да бидете осудувани. Добриот партнер ќе ве охрабри да зборувате отворено и да ги споделите вашите емоции. Тој не реагира бурно и никогаш нема да ви суди.
14. Никогаш не е насилен
Ова е можеби најважната точка. Без разлика дали станува збор за ментално, емоционално или физичко малтретирање, добриот партнер воопшто не ни помислува на тоа. Тој никогаш не е насилен кон вас и никогаш не би направил нешто што ќе ви наштети. Доколку сте соочени со малтретирање во врската, заминете што побрзо. Таа личност нема да се промени, а вие воопшто не заслужувате тако однесување.
15. Овде е за вас
Секогаш ќе постојат добри и лоши моменти. Секогаш ќе има предизвици и неочекувани ситуации. Но доколку вашиот партнер е добра личност, тој ќе биде постојано покрај вас.
извор: kafepauza.mk