Вистинска љубов е онаа која може да ги надмине сите бариери, сите проблеми и која остава простор за простување и заборавање на немилите моменти.
Секоја љубов е своја приказна, но постојат и такви нешта поради коиситуации во кои сфаќаме колку таа може да биде силна и моќна, иако можеби во моментот не го перципирате тоа така.
Ова се моментите во кои го сфаќаме тоа:
1. Кога имате караница и наместо врската да се разниша, веќе од следниот ден е посилна од кога било претходно. А вие сте горди што наместо да си свртите грб, сте останале да уживате.
2. Моментот кога гласно го кажувате она што ви тежело на срцето и добивате одговор: „Зошто беше проблем досега да го кажеш ова, будалче?“.
3. Моментот кога сте болни, а вашиот сакан прави сè што е во негова моќ за да ви биде подобро и не се грижи дали ќе се зарази од вас.
4. Моментот кога имате тежок животен период и се однесувате ужасно, но вашиот партнер и понатаму има разбирање и ве сака.
5. Тогаш кога прави за вас нешто што е интимно и заедничко на двајцата, а вие сте изненадени што воопшто се сетил и од тоа колку добро ве научил.
6. Кога сте на истата страница од животот и вашите временски ограничувања всушност функционираат идеално.
7. Кога ќе се посрамите од нешто и мислите дека ќе се шегува со вас, но сфаќате дека ве сака и покрај сè и дека не ни можевте да побарате повеќе од тоа.
8. Моментот кога ќе сфатите колку сте се промениле и колку сте сега посигурна личност и во врската, но и надвор од неа.
9. Кога ќе сфатите дека веќе извесно време не се сомневате во нивната љубов и лојалност.
10. Моментот кога никогаш не оставате она што ве мачи да тлее во вашето срце, туку го решавате веднаш и знаете точно зошто ја избравте таа личност.
11. Кога ќе признаете некоја грешка и очекувате да ви се налути, но и покрај тоа што го има целосното право, ви простува само со прегратка.
12. Најзначајниот момент, кога ви станува јасно дека со таа личност вие сте навистина вие и немате потреба ништо да криете или глумите.