Љубов и Секс

10 секс факти за мажите

10 секс факти за мажите

Фантазира ли тој за вашата згодна пријателка? Зошто наутро неговиот најдобар пријател е толку возбуден? Може ли да се оствари најлошиот машки сон – фрактура на пенисот? Во продолжение следуваат одговорите на овие и уште неколку прашања за мажите и сексот.

Неговата мастурбација… може ли да е штетна? Мажите обожаваат да се самозадоволуваат и сите го прават тоа. Не му верувајте на маж кој тврди дека не мастурбира. Некои го прават тоа поретко, а други се задоволуваат и неколку пати дневно. Честото мастурбирање нема да има негативен ефект врз неговото здравје, но може да има врз вашиот љубовен живот. Мажите кои често се самозадоволуваат потешко постигнуваат оргазам кога се со својата партнерка.

Утринската ерекција… дали е резултат на еротски сон? Мажите произведуваат најмногу тестостерон наутро. Повеќето од нив се будат со еректиран пенис и тоа не значи дека ги сонувале ангелите на Victoria’s Secret. Ерекцијата може да биде последица на влажен сон, но не е задолжително. Просечниот маж може да има до 6 ерекции во текот на спиењето, кои најчесто траат од 20 до 50 минути. Неговата утринска ерекција е показател дека тој е здрав и дека произведува нормални количества тестостерон.

Пенисот… може ли да се скрши? Пенисот не е коска, но можно е да се скрши. Тоа најчесто се случува за време на многу агресивен сексуален однос. Во таков случај потребна е лекарска интервенција, бидејќи тоа може да доведе до трајна еректилна дисфункција.

Пенетрација, фелацио или стимулација со рака? Претпоставувате дека стимулацијата со рака нема да му донесе најголемо задоволство. Вашите техники тешко ќе успеат да бидат толку пријатни како тактиките што ги користи кога се самозадоволува, бидејќи тој најдобро знае што му е убаво, а што не.Оралниот секс може да го однесе во облаците, но ништо не може да му достави толкаво задоволство како пенетрацијата.

Сексуални пози… има ли омилена? Не му го скратувајте задоволството што го носи кучешката поза. Мажите обожаваат да се одназад, но и најголем дел од жените немаат ништо против. Кучешката поза носи обострано задоволство. На мажот затоа што му нуди длабока пенетрација и чувство за доминација и контрола, а на жената затоа што овозможува подобра стимулација на Г-точката.

Вашата пријателка… фантазира ли тој за неа? Не му се лутете, но ако имате привлечна пријателка, тој најверојатно фантазирал за неа барем еднаш. Голема е веројатноста фантазијата да била тројка, заедно со вас. Секс во тројка е најчеста секусална фататазија, па сигурно му има поминато таа мисла низ главата, особено ако вие двете сте блиски и често се прегрнувате пред него.

Алкохолот… може ли да е причина за импотенција? Бевте на луда забава и очекувате уште полудо завршување на вечерта в кревет. Но, неговиот пенис не мисли така. Во таква ситуација не се обвинувајте себеси, туку обвинете го алкохолот. Кога се во алкохолизирана состојба мажите потешко се возбудуваат сексуално и настанува привремена импотенција. Исто така и потешко можат да доживеат оргазам, па ерекцијата може да трае подолго, но нема да биде постојано силна.

Стапалата… поврзани ли се со големината на пенисот? Заборавете го овој неточен мит. Неговите големи обувки не треба да ве радуваат, бидејќи големината на стапалата не значи и голема „машкост“. Освен тоа, заборавете и на теориите дека големиот нос, големите раце или големите палци се знак за голем полов орган.

Оргазам и ејакулација… постои ли разлика? Да. Иако се многу ретки, постојат мажи кои научиле како да доживеат оргазам без да ејакулираат. Сепак, мнозинството мажи ејакулираат за време на оргазам, па оттаму и доаѓа мислењето дека овие два термина имаат исто значење.

Пенисот… до кога расте? Просечна големина? Машкиот полов орган престанува да расте со завршувањето на пубертетот, односно околу 20-тата година од животот. Што се однесува до големината, различните истражувања даваат различни резултати, но прифатено е дека во просек пенисот е со големина од 13 до 15 сантиметри кога е во ерекција.

To top