Љубов и Секс

10 романтични пораки кои секој би сакал да ги добие

10 романтични пораки кои секој би сакал да ги добие

Живееме во време кога сè се случува многу брзо и често забораваме на малите гестови кои ги покажуваат нашите најтајни чувства. Секој сака кога ќе се разбуди или пред да заспие да прочита некоја убава порака упатена до него. А, убаво е и кога вие ќе испратите искрена мисла до вашиот/вашата партнер/ка за да покажете колку тој/таа ви значи. Со помош на текстуалната моќ ќе му/ѝ го разубавите денот на вашиот сакан/сакана! Прочитајте ги пораките и одлучете која ќе ја испратите ако сакате партнерот да мисли на вас цел ден.

1. „Уште ја носам насмевката којашто ми ја подари.“

2. „Имам проблем. Не можам да престанам да мислам на тебе.“

3. „Едвај чекам да се вратам во твојата прегратка.“

4. „Се надевам дека ќе имаш соништа исто толку слатки како тебе.“

5. „Ќе фрламе паричка. Ако е петка јас сум твој/а, ако е глава ти си мој/а.“

6. „Се разбудив со желба да те бакнувам.“

7. „Моите соништа никогаш нема да бидат толку убави како реалноста со тебе.“

8. „Ти благодарам што ме потсети како изгледа кога пеперутките оживуваат во мојот стомак.“

9. „Имаш нешто во себе што го сакам.“

10. „Телефонот ми е во рака, но повеќе те сакам тебе.“

извор:kafepauza.mk

To top