Љубов и Секс

10 работи кои не ги знаете за љубовта

10 работи кои не ги знаете за љубовта

Ви ги претставуваме 10-те работи кои не ги знаете за љубовта и се надеваме дека ќе успееме да ве убедиме дека најпрекрасното чувство на светот постои.

Љубовта е како чоколадо
Всушност овој факт го знаат сите. Има причина „нововљубените“ да се како залепени еден до друг. Вљубувањето е хемиска реакција која ги вклучува центрите за задоволство во мозокот кој започнува да произдевува хормони на среќата. Истото се случува и кога јадете чоколадо и не можете да запрете после првото парче. И брачните двојки можат да се чувствуваат како „нововљубени“. Не треба само да се препуштат на инерцијата.

Послушајте го носот
Ако се чудите дали тој е вистинскиот, оставете му на носот да реши. Жените имаат способност да го „намирисаат” партнерот со кој најдобро ќе си одговараат генетски за создавање на поколение. Тоа што ве прави да се одлучите за еден партнер се неговите феномени. Жените се посебно чувствителни на мирис за време на овулација кога е и најдоброто време за зачнување.

Бракот го зачувува здравиот разум
Заборавете на популарниот лик на брачните двојки кои не можат да се поднесуваат. Испитувањата покажуваат дека склучувањето на брак или животот на брачни основи го подобрува психичкото здравје и ве штити од депресија. Чувството за припадност кон пар ја зголемува самодовербата и дава сигурност.

Бракот е корисен за здравјето
Да му кажеш „да” на својот избраник не е добро само за емоционалната состојба. Женетите луѓе, дури и тие кои не можат да се пофалат со успешен брак се поздрави од необврзаните. Фамилијарните луѓе, многу поретко се разболуваат, не лежат во болница и оздравуваат многу побрзо.

Подобро женет отколку богат
Успешниот брак ги прави луѓето толку среќни колку и ако добијат на лотарија. Тоа го докажаа и психолозите. Кога на тоа ќе му се додаде и фактот дека богатите луѓе се самоубиваат многу почесто од сиромашните, јасно се гледа дека е многу подобро да имате среќен брак отколку несреќно богатство.

Татковата љубов е корисна за здравјето
Сигурно се сеќавате на сликите на Бред Пит со неговата мала ќеркичка. Топлото чувство кое го чувствуваат сите жени кога ќе го видат таткото да му се радува на детето се должи на простиот факт дека самите татковци лачат хормони на среќата кое се чувствува дури и само на слика.

Домашниот љубимец дава енергија
Поточно љубовта кон него. Медицински испитувања докажаа дека гледањето на домашен љубимец многу им помага на луѓето кои преживеале многу тешки заболувања. Дури и да не страдате од слични проблеми, само десетина минути прошетка со кучето ќе ви донесат повеќе хормони на среќа, ќе ви го намалат стресот и ќе ве натераат да се насмевнувате. Нема потреба да имате сопствен љубимец. Контактот со животните е благотворен и кога не се лично ваши.

Љубовта е клуч кон животот
Заедно со сексот. Секојдневните бакнежи ќе ве направат да изгледате 10 години помлади од врсниците.

Романтичните филмови им се допаѓаат и на мажите
Ако успеете да најдете филм кој комбинира сериозна акција и љубовна историја е одлична работа. Оние кои пробале тврдат дека после таква вечер мажите се посклони за гушкање и бакнежи.

Љубовта е идеалната дрога
Нивото на адреналин, сератонин и хормони се зголемува толку многу за време на секс што ако се обидете да го постигнете истиот ефект со таблети, најверојатно ќе завршите во интензивното одделение. А најубавото во сексот и љубовта е што секогаш можете да се предозирате а тоа да не влијае негативно на вашиот организам.

To top