Да беа добри, немаше да бидат бивши, е позната поговорка со која многумина од нас ќе се согласат. Меѓутоа, понекогаш се провлекуваме во примамливиот свет на познатото, ја вадиме бравата од срцето и се впуштаме во авантура со бившиот…
Можеби таа личност била вашата прва љубов, можеби сте згрешиле и сте ја изгубиле и сега ве мачи каење или можеби чувствата биле толку силни што се уште не можете да престанете да размислувате за таа личност.
Понекогаш љубовта е посилна од непишаните општествени правила, а ако сте собрале сила да му простите на партнерот (или самите себе) и сакате да ја надградите врската – никој не треба да ве спречи во тоа. Освен, се разбира, фактот дека причините поради кои раскинавте се толку сериозни што може повторно да бидете повредени.
Понекогаш љубовта е посилна од непишаните општествени правила.
Реалноста е дека чувствата обично не исчезнуваат веднаш по завршувањето на врската, а токму овие силни емоции се главната причина поради која луѓето не можат да продолжат понатаму. Ако сè уште чувствувате взаемна хемија, тоа значи дека вашата приказна не е завршена.
Може ли врската да биде подобра по втор пат?
Многу е важно, забележуваат психолозите, уште на почетокот на вториот обид да утврдите дали работите што ве натераа да ја прекинете врската сега се решени. Во никој случај не треба да ги бришеме проблемите од минатото и да се преправаме дека никогаш не се случиле.
Отвореноста, искреноста и способноста да се биде искрен со себе се главните вредности кои се потребни за реприза која, под овие услови, навистина може да има среќен крај.
За да бидете сигурни дека сте донеле одлука која е добра за двајцата, прво треба да одговорите на 10 прашања кои психолозите ги смислиле за да им помогнат на луѓето во оваа ситуација.
Кои се причините поради кои раскинавме?
-Што се промени кај мене од тогаш, а што кај мојот партнер?
-Како се чувствувам во мојот живот во моментов – дали желбата за реконструкција на врската произлегува од моето лично незадоволство или осаменост?
-Дали неговата иницијатива за обновување на врската е поврзана со неговата моментална животна ситуација? На пример, -дали само што раскина со бившиот?
-Може ли да ги толерирам неговите особини што ми пречеа порано?
-Може ли повторно да го доживеам раскинувањето со таа личност?
-Дали и двајцата сме подготвени да разговараме за причините за минатите раскинувања?
-Дали си простивме?
-Гледајќи пет години напред – дали ќе бидам посреќен со таа личност отколку што сум сега?
-Дали споделуваме слични вредности и ставови, односно дали ќе можеме да ги толерираме меѓусебните разлики?
извор:поапра.мк