Радио Милева Поласкана

„Ѕвездите на Гранд“ направија топ 5 листа на која се најде и Калиопи, а еве и зошто… (фото)

„Ѕвездите на Гранд“ направија топ 5 листа на која се најде и Калиопи, а еве и зошто… (фото)

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ од неодамна смени македонска ТВ фреквенција и започна да се прикажува секоја сабота на телевизија Сител. Првиот круг од натпреварувањето веќе е заокружен, па од емисија во емисија станува се позатегнато.

Во текот на 18 години од шоуто „Ѕвезде Гранда“ слушавме неколку илјади песни од различни музички жанрови, кои ни ги донесоа натпреварувачи од цела поранешна Југославија.

Освен натпреварувачите од Македонија, песни од македонски изведувачи избираат да пеат и учесниците од регионот. Па така, досега сме биле сведоци дека најчесто се пеат песни од Тоше, Тамара, Калиопи.

Па така, од „ЅГ“ направија список на петте најпопуларни песни кои натпреварувачите ги пееја во „Ѕвездите на Гранд“, а меѓу нив секако се најде и една македонска.

Песната на Амар Гиле „Прекасно“ е најпеана во историјата на натпреварувањето. Многумина беа изненадени, со оглед на тоа што е млад, неговиот хит е најпопуларен.

Меѓу најпопуларните нумери е поп-хитот „Онај ко те љуби сретен је“ од Тони Цетински, се најде на второто место.

Омилена песна на учесниците е хитот на Викторија „Дај не питај“, кој е на третото место на листата.

Евровизискиот хит „Црно и бело“ на Калиопи се повеќе го избираат натпреварувачите на популарното шоу и се наоѓа на четвртото место на најотпеани песни.

Петтото место го зазеде безвременскиот хит на Шабан Шаулиќ „Доѓи да остаримо заједно“.


Оваа селекција се најде на повеќето српски портати, па не остана незабележано од Калиопи, која за ваквиот избор и напишаното беше поласкана и ги сподели објавите на својот Инстаграм профил.

фотоЈутјуб принтскрин/Инстаграм

To top