Промотер

„Ѕвездата на Гранд“ Александар Темелков во љубовен поход со – „Илјада војници“ (ВИДЕО)

„Ѕвездата на Гранд“ Александар Темелков во љубовен поход со – „Илјада војници“ (ВИДЕО)

Ѕвездата на „Гранд“ Александар Темелков ја промовираше новата песна „Илјада војници“. Ова е негова 11 песна и дека очекува да стане голем хит.

Текстот е на Ангела Стерзоска, а музиката и аранжманот на Славко Ристески.

„И оваа песна како и претходните очекувам да стане хит и да им се допадне на публиката. Ова е мојата 11 песна и имам доволно материјал да го објавам првиот албум и да почнам да работам на вториот“,  рече Темелков кој годинава ја имаше првата турнеја во Канада каде им пееше на нашинците во Торонто.

Иако најмногу е познат по неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, Темелков  рече дека во иднина не планира да настапува во музички шоуа и дека сака да работи на популаризација на своето име и напредок во кариерата.

За песната е направено и студиско видео од неговата изведба при снимањето на истата кое можете да го проследите во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top