Живот и Стил

Зошто вашите козметички производи немаат дејство како првиот ден?

Зошто вашите козметички производи немаат дејство како првиот ден?

Рутината на негата на кожата е многу важна, особено онаа за заштитата од сонцето и од УВ-зраците. Дури и ако редовно ја чистење и ја негувате кожата за да ја одржите здрава и сјајна, има неколку непредвидливи фактори што може да го намалат ефектот на козметичките производи.

1. Поминат рок на траење
Како храната, така и производите за нега на кожата имаат рок на траење и откако ќе им истече рокот, тие нема да бидат многу ефикасни. Поради оваа причина, важно е да го проверите датумот на декларацијата пред да го купите козметичкиот производ за да не трошите пари на производи што може да ви направат повеќе штета отколку добро.

2. Ја чувате козметиката на погрешно место
Иако многу луѓе ги игнорираат упатствата што советуваат каде треба да ја чувате козметиката, сепак треба да бидете повнимателни. Директната сончева светлина или влажната околина може да влијаат на некои производи и да ги разградат активните состојки. Серумите со витамин Ц се особено чувствителни на топлина и на светлина.

3. Вашето тело се навикнало на производот
Понекогаш, менувањето на рутината, на производот или на редоследот на нанесување може да го продолжи времето во кое производот има позитивни ефекти врз кожата.

4. Промени во годишните времиња
Вашата кожа може различно да реагира на производите во зависност од годишното време. Животната средина може да влијае на ефективноста на производите за нега на кожата, така што треба да ги приспособите на промените за кожата да изгледа најдобро. Зимата може да предизвика црвенило, сува и иритирана кожа, додека топлите и влажни летни месеци може да доведат до мрсна кожа.

5. Имате хормонални промени
Хормоналните промени може да влијаат на кожата. Ова може да биде поврзано со бременост, менопауза или каква било хормонална нерамнотежа. Следете ги промените на кожата и соодветно менувајте ја козметиката.

6. Лекови
Лековите може да предизвикаат акни и други реакции што се манифестираат на кожата. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог.

7. Нанесувате козметика во погрешно време
Периодот од денот кога нанесувате козметика може да биде причината зошто резултатите не се добри.

8. Не се придржувате до рутината
Од клучно значење е да ја одржувате рутината и да ѝ дадете на кожата време да се навикне на тоа.

9. Не правите пилинг
Ако не правите пилинг одвреме-навреме, тоа може да биде причината зошто козметиката не функционира како што треба. Слојот мртви клетки на кожата може да ги спречи состојките на производот ефикасно да навлезат во кожата. Треба да правите пилинг на кожата неколку пати неделно.

10. Производот не е доволно силен
Одредени козметички состојки потешко минуваат низ кожата, па количината што ја нанесувате не е доволна. Понекогаш треба да ја зголемите дозата.

11. Состојбата на кожата се менува
Кожата минува низ различни фази, па затоа е добро да ја менувате и козметиката.

извор:кафепзауа.мк

To top