Живот и Стил

Зошто треба секоја година да се вакцинираме против грип?

Зошто треба секоја година да се вакцинираме против грип?

Постои добра причина зошто секоја година би требало да се вакцинираме против грип. Имено, секоја нова вакцина го намалува ризикот од компликации предизвикани од грип, покажаа резултатите од ново истражување во Шпанија.

 

Резултатите од истражувањето на еден Институт за јавно здравје во Шпанија, во кое биле опфатени 65 луѓе, покажале дека оние кои се вакцинирале секоја година имале двојно поголеми шанси превентивно да делуваат на компликациите кои грипот би можел да ги предизвика.

„Пациентите кои се вакцинираа автоматски спречија неколку сериозни и фатални инфекции кои ги предизвикува грипот, за разлика од пациентите кои тоа не го направиле или тоа не го прават редовно“, пренесуваат авторите на ова истражување.

Докторот Дејвид Топам од Универзитетот во Рочестер го поддржува истражувањето објавено во магазинот „Canadian Medical Association“, истакнувајќи дека од грип се разболуваме во просек на три до пет години.

„Вашиот организам има време да ослаби. Вакцинирањето секоја година го зајакнува вашиот имунолошки систем“, вели тој, и објаснува дека секоја вакцина ја стимулира продукцијата на антитела и лимфоцити, за организмот подобро да се брани од инфекции.

извор:кајгана.мк

To top