Секојдневното пиење лимонада со мед носи големи здравствени предности за нашиот организам. Што под тоа разбираат докторите, односно на кој начин оваа комбинација е ефикасна ќе дознаете од следните факти.
Веројатно сте слушнале за оваа комбинација од мед и лимонов сок, која освен што е вкусна, освежителна и здрава, многу е ефикасна во губењето килограми и подобрување на здравјето.
Еве што друго треба да знаете:
1. Го подобрува здравјето на цревата
Еден од клучните чекори во одржување на здрав начин на живот е одржувањето здрави црева. Всушност, комбинацијата од мед и лимон овозможува подобра работа на метаболизмот.
Исто така, лимоновиот сок е корисен кога станува збор за ублажување на надуеност и рефлукс.
2. Го подобрува имунитетот
Витаминот Ц кој се наоѓа во лимонот дава одлични резултати кога станува збор за ублажување на настинките и грипот. Екстрактот од лимон содржи состојки кои помагаат при лекување на оштетена кожа.
Медот има антибактериски својства, ги отстранува бактериите кои предизвикуваат проблеми со грлото. Топлата вода исто така помага во чистењето на грлото.
3. Помага во губење на килограми
Лимонот содржи пектин и други влакна кои го намалуваат чувството на глад. Кога миксот од лимон и мед стигне до желудникот реакцијата меѓу катализаторот на панкреасот и медот ја зголемува брзината на метаболизмот и трошењето на мастите во телото со што се зголемуваат изгубените килограми.
Комбинацијата од топла вода, свеж лимонов сок и мед ефикасно го чисти телото од токсини и поради тоа се препорачува кога сакате да ослабете.
4. Го подобрува изгледот на кожата
Црвенилото и воспалението на кожата се резултат на нечистотии во крвта. Со помош на медот крвта може да се прочисти и воспалението на кожата да се намали. Со тоа се одржува блескава кожа.
5. Ја намалува киселоста на организмот
Кога телото е претерано кисело поголема е веројатноста да добиете некоја инфекција.
Откако ќе се разгради млечната киселина во организмот може да се наталожи до опасно ниво кое е лошо за организмот, правејќи го ранлив на сите видови инфекции. Поради тоа телото би требало да има рамномерно ниво на киселост во секој момент. Лимонската киселина е растоплива во крвта, за разлика од другите киселини.
6. Камен во бубрег
Недоволното внесување вода и прекумерното внесување калциум се само некои од причините за создавање камен во бубрег. За да го спречите тоа секојдневно консумирајте лимонада со мед. Лимонот го блокира калциумот така што телото не може да го апсорбира, а вишокот калциум се чисти од организмот.
извор: Кајгана