Постојат неколку причини зошто спиењето со мокра коса не е добро.
Првут
Една од главните причини за првут се габите. Спиењето со мокра коса дополнително го влошува проблемот со првутот. Топлата перница во контакт со влажна коса не дава добри резултати. Имено, на габите им одговараат влажни и топли средини. Доколку планирате да се ослободите од првутот, користете адекватни производи и задолжително исушете ја косата со фен.
Во текот на ноќта температурата на телото расте, а влажната глава нема да донесе ништо добро кога ќе осамне утрото, освен потенцијално силна главоболка.
Кршење на косата и губење на сјај
Влажната коса во комбинација со влажното опаѓање доведува до кршење и губење на сјајот на косата. Ако регенераторот не е добро измиен, ситуацијата станува уште полоша.
Најдобро решение е чиста навлака за перница и исушена коса – без никаква дилема.
извор:popara.mk