Живот и Стил

Зошто никогаш не треба да си легнувате со мокра коса?

Зошто никогаш не треба да си легнувате со мокра коса?

Сите знаеме дека не е воопшто паметно да излеземе од нашиот дом со мокра коса. Воспалението, главоболката и настинката се само дел од проблемите кои можат да нè снајдат. Следното прашање е – дали е добро да се спие со мокра коса? Апсолутно, не! Во продолжение погледнете зошто не е добро никогаш да го практикувате ова!

Првут
Една од главните причини за појава на првут се габичките. Спиењето со мокра коса дополнително го влошува овој проблем. Топлата перница во контакт со мократа коса не дава добри резултати. Имено, на габичките им одговара влажна и топла средина. Доколку планирате да се ослободите од првутот во косата, користете соодветни препарати и задолжително исушете ја косата пред спиење.

Во текот на ноќта, температурата на телото расте, а мократа глава нема да ви донесе ништо добро освен потенцијална силна главоболка следното утро.

Губење сјај и кршење на косата
Мократа коса во комбинација со мокра перница доведува до кршење и губење на сјајот на косата. Доколку регенераторот не е добро исплакнат, ситуацијата дополнително се влошува. Најдобро решение е чиста перница и исушена коса – без никакви дилеми.

Слабеење на имунитетот
Старите приказни дека ќе се разболите доколку си легнете со мокра коса се неточни – не можете да фатите вирус само затоа што косата ви била мокра. Но, спиењето со мокра коса може да го намали имунитетот што олеснува да настинете или да фатите некој грип.

Акни
Доколку на вашата перница има бактерии, постојат големи шанси наскоро да ви се појават акни на лицето. Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку ја исушите косата пред легнување.

извор:кафепауза.мк

To top