Живот и Стил

Зошто младиот кромид треба да биде дел од вашето секојдневно мени?

Зошто младиот кромид треба да биде дел од вашето секојдневно мени?

Младиот кромид, растение кое потекнува од родот Allium, се одгледува повеќе од 5000 години на речиси сите континенти, а особено е распространето во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Станува збор за една од првите земјоделски култури која има многу поволни ефекти врз организмот. Во продолжение прочитајте ги нејзините здравствени придобивки.

1. Младиот кромид е „имунитетска бомба“
Ова растение е богато со минерали и витамини како витамин А и Ц кои го штитат здравјето на целиот организам, го зајакнуваат имунолошкиот систем и успешно се справуваат со инфекциите во организмот. Освен тоа, витаминот А е клучен за здравјето на очите, за зараснување на раните, но и за лекување на некои цревни заболувања.

2. Чувар на коските и забите
Овој зеленчук содржи и значителна количина на калциум и витамин К кои се неопходни за одржување на густината на коските и забите. Покрај тоа, витаминот К учествува и при синтезата на протеини кои играат голема улога при коагулацијата (згрутчување) на крвта.

3. Чувар на срцето
Младиот кромид е сојузник на срцето и циркулаторниот систем поради присуството на калиум кој го намалува високиот крвен притисок. Ова растение се состои и од други супстанции кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

4. Одличен за дигестивниот систем
Оваа билка е добар извор на диетални влакна кои ја подобруваат работата на цревата.

5. Сојузник при слабеење
Во сто грама млад кромид се содржат само триесет калории, па затоа неговото консумирање им се препорачува на оние кои се обидуваат да ослабат или да одржат здрава телесна тежина.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од младиот кромид, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за зелени палачинки со млад кромид.

извор: punkufer.dnevnik.hr

To top