Голем дел од луѓето не можат да ја замислат својата храна без сол. На нашето тело му е потребна солта, односно минералот содиум поради тоа што таа го одржува крвниот притисок, ги релаксира мускулите и ги уништува бактериите.
Но, додека слушаме колку е штетна белата сол, истовремено слушаме за добрите страни на хималајската сол. Зошто?
Розовата хималајска сол е најчиста форма на сол која може да се најде на земјата, недопрена и заштитена од загадувањето. Таа доаѓа во кристализирана форма која е покриена со лава, во близина на Хималаите во регионот Пунџаб во Пакистан.
Таа денес се користи во исхраната, бањите, па дури се користат и солени хималајски ламби.
Зошто е подобра од обичната бела сол?
Го подобрува системот на дишење
Како антибактериска сол, таа може да се користи во терапијата со сол. Инхалацијата со хималајска сол е особено добар метод кој ги чисти синусите, помага кај кашлиците, астма, бронхитис.
Го чисти телото
Таа ја помага детоксикацијата. Може да се додаде во бањата, со што го чисти телото од токсини. Дава чувство на освежување.
Го подобрува варењето
Помага кај проблемите со гасови и лош метаболизам.
Освен ова, хималајската сол го подобрува либидото, ги јакне коските, одлична е за црвените крвни зрнца и ја подобрува циркулацијата.
Како е различна од обичната сол?
Таа е поприродна
Хималајската сол е рачно преработена и е помалку преработена од белата сол, а содржи помалку адитици.
Побогата е со минерали
Таа содржи 84 минерали, од кои цинк, магнезиум и железо. Полесно се апсорбира во телото е природно богата со јод. Кај белата сод, јодот е вештачки додаден.
Содржи помали количини содиум
Содиумот ни е потребен во нашето тело, но само 2300 мг во текот на денот. Премногу содиум може да има негативен ефект на нашето здравје, односно да придонесе кон покачен крвен притисок, деменција, проблеми со бубрезите, па и срцеви заболувања.
Додека, белата сол содржи 97.5-99.99% содиум, хималајската содржи 87%.