Живот и Стил

Зошто е убава зимата?

Зошто е убава зимата?

Пронајдете ги убавините на ниските температури за полесно да ги поминете студените денови кои ни преостануваат.

Заради темните ноќи, ценете ги убавите денови

Заради намалената дневна светлина, искористете го секој убав ден до максимум. Прошетајте по зимското сонце, видете се со пријателите, седнете на кафе во некое топло кафуле, уживајте во сè што можете да правите во затворено.

Кога температурите се пониски, близината со партнерот е поголема

Сте забележале дека зимно време повеќе останувате дома, во прегратките на саканите? Нема подобро загревање отколку љубовта, барем во овој период. Затоа, уживајте во блискоста со вашиот партнер под покривката.

Нема досадни комарци и бубачки

 Опасностите од комарците или другите штетници се сведени на минимум, па затоа слободно може да уживате во дневните прошетки без да се грижите.

Во зима болките се намалуваат

Постои причина зошто секогаш на болното место попријатно ни е кога имаме ладна крпа или мраз. Ниските температури ги намалуваат болките, исто како и мразот.

Топлите напитоци го подобруваат расположението

Не постои ништо поубаво, отколку уживањето со топол чај, кафе или греено вино. Овие топли напитоци содржат антиоксиданси кои влијаат позитивно на имунитетот и ја зголемуваат топлината на телото.

 

To top