Во топлите летни денови ништо не може да ве освежи како парче вкусна лубеница. Покрај одличниот вкус, лубеницата е полна со витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи дури 90% вода што е одлично за да останете хидрирани во летните денови.
Лубеницата содржи антиоксиданти кои од организмот ги отстрануваат молекулите наречени слободни радикали кои телото ги произведува во природен пат, а се развиваат и како последица на пушење, стрес и загаден воздух.
Слободните радикали доведуваат до појава на различни болести. Иако организмот може и сам да се ослободи од нив, понекогаш мора да му помогнеме и самите.
Со лубеница против астма
Слободните радикали придонесуваат за развој на астма, а присуството на витамин Ц во белите дробови може да го намали ризикот. Во 150 г лубеница има 12 мг витамин Ц.
Спречува развој на рак
Американскиот национален институт за рак докажува дека антиоксидансите во лубеница како што е витамин Ц, го спречуваат развојот на карцином.
Го намалува притисокот
Лубеницата го намалува притисокот кај постарите луѓе. во неа се наоѓаат антиоксидансите Л-цитрулин, Л-аргинин и ликопен кои штитат од развој на кардиоваскуларни заболувања.
Содржи многу вода и влакна па поради тоа го чува здравјето на дигестивниот систем.
Хидратација
Содржи околу 90 проценти вода и е одличен извор на калиум што ја прави да биде одлична ужина во летните денови.
извор: Кајгана