Живот и Стил

Зошто да се одлучите за планинарење?

Зошто да се одлучите за планинарење?

Пролетта е најубавиот период за планинарење. Во последно време, поради брзиот начин на живот, неправилната исхрана и се поголемото загадување на воздухот во поголемите градови, сè повеќе луѓе сè одлучуваат да започнат со овој спорт. Зошто планинарење?

Планинарењето е одлична кардио вежба, која го зајакнува срцето. Оние кои се одлучиле да го практикуваат овој спорт барем 150 минути неделно, имаат многу помал ризик дека ќе добијат срцеви заболувања.

Го зајакнува целото тело и го подобрува балансот на телото.

Ја зголемува креативноста. Истражувањата покажале дека минувањето време во природа ја зголемува способноста за решавање проблеми за 50%.

Го подобрува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќерот во крвта.

Се движите низ преубави природни предели кои сè богати со чист воздух.

Доколку сте почетници, почнете од најблиското брдо. Пополека зголемувајте ја должината и тежината на патеката. Одберете КОМОТНИ и КВАЛИТЕТНИ обувки, соодветни чорапи, планинарски ранец, штеки и тргнете во вашите планинарски авантури.

Во Македонија постојат планинарски друштва кои организираат секоја недела различни по тежина планинарски тури. НЕ ЧЕКАЈТЕ, опремата на вас и се гледаме на некој врв!

Извор: www.body.mk

To top