Радио Милева
изневерена и понижена...

Зорица Марковиќ откри како сопругот ја изневерувал: „Јас со свекрвата вадам компир на нива, а тој да ти има ‘односи’ со келнерката!“

Зорица Марковиќ откри како сопругот ја изневерувал: „Јас со свекрвата вадам компир на нива, а тој да ти има ‘односи’ со келнерката!“

Пејачката Зорица Марковиќ се омажила млада, на 17-годишна возраст, а како што рече, тогашниот сопруг ја изневерил, во што неколку пати го фаќала.

„Се омажив на 17-годишна возраст, а имав 18 години кога го родив синот Дејан. Милан и јас опстанавме во брак само пет години. Тој беше првиот човек во мојот живот. Искрено го сакав, а тој ме изневери со келнерките и колешките. Јас и свекрвата ми вадиме компири на нива и го чуваме детето, а тој да ти има интимни односи на страна!

Го фатив како ме изневерува неколку пати. Во кујната во кафеаната каде што заедно настапувавме, го начекав „качен“ на келнерката. Му ја шутнав хармониката, дирките се разлетаа на сите страни. Поднесов барање за развод и си заминав. На мојот прв сопруг му дадов сè што имав само за да излезе од мојот живот“ – изјави Зорица за „Хит информер“.

Откако се развела, се вратила кај своето семејство, но таму не била добредојдена. Пејачката изјави дека нејзиниот татко се чувствувал засрамен, па ја пречекал со пушкана врата.

„По разводот, отидов кај моите родители, татко ми не сакаше ниту да ме погледне. Својата ловечка пушка ја вперии преку рамото на мајка ми, во мене! Брат ми Милан ме бранеше. Застана пред тато и му рече: „Пукај во мене, неа не ја допирај“. Можеби ќе пукаше ако мојот брат не застанеше во мојата заштита. Го посрамотив затоа што бев првата жена во семејството што се развела!? Мајка ми и браќата ме разбираа, но татко ми – не. Тој беше строг. Јас го сфаќав до одреден степен, затоа што тој беше во право за многу работи. Неколку години подоцна, сите се пошегувавме на таа ситуација – откри Зорица.

Останати вести од Радио Милева