Злата Аранѓеловиќ, ќерката на Зорица Брунцлиќ и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш се породи.
Злата и нејзиниот сопруг, пејачот Милош Вујановиќ за првпат станаа родители.
Злата и Милош добија ќерка која одлучија да се вика Милица.
Како што пренесуваат медиумите, Злата се породила во Белград, а нејзиното семејство е пресреќно.
Честитки за тазе родителите пристигнаа од сите страни, а по тој повод вчера во домот на пејачката беше организирана прослава за најмилите и најблиските.