Во последно време, Зорица Брунцлик се повеќе жали што не е толку блиска како порано со Лепа Брена, па преку заеднички пријатели се обиде повторно да и се приближи, но попусто! Брена дури и не сака да чуе за тоа.
„Зорица се сети на времето кога таа и мажот и Кемиш беа блиски со Брена и Боба. Тие се посетуваа, се дружеа, одеа на прослави и свечености едни кај други и им беше навистина убаво“ – објаснува изворот и додава:
„Се чини дека некаква носталгија ја удира, па преку посредник ја извести Брена дека би сакала сè да биде како порано, но, Брена не сака ни да слушне. Таа има цврст став околу пријателствата што раскинуваат. Едноставно смета дека така требало да бид и не се враќа на стариот пат. Таа нема ништо против Зорица, ниту ја споменува, но не и паѓа на памет да стане повторно блиска со неа. Според системот, ако пријателството не функционирало еднаш, нема да функционира и по втор пат“ – заклучува изворот.
„Во какви односи сме јас и Брена? Ние воопшто не сме во никакви. Во моментот кога заминав, комуникацијата престана бидејќи дефинитивно нема љубов без болка! Прашајте ја зошто не ми зборува. Се среќававме на разни настани и таа вешто ме избегнуваше. Јас не паѓам на нејзино ниво, па и испратив кошница со цвеќиња за нејзиниот концерт. Не можам да се смирам со некој со кого не сум се ни скарала и не сум заинтересирана да и пријдам и да ја прашам: ‘Еј, зошто не ми зборувамш? Уморна сум од тоа“ – рече Зорица.