Добро искубаните и обликувани веѓи може да бидат вистински украс за лицето.
Затоа секогаш е најдобро да се остави во рацете на експертот кој ќе знае каква форма најдобро ќе одговара на вашето лице. Но, дури и ако редовно ги чупате во салон, често е потребно помеѓу закажаниот термин да посегнете по пинцетата за да се решите од несаканите влакна кои го расипуваат впечатокот. Притоа, важно е да знаете едно основно правило за ублажување на болката и спречување на растот на влакната.
Влакното треба да се лизне од кожата, а тоа ќе го постигнете само ако вашите веѓи ги скубете во правец на растот на влакната. Избегнувајте премногу силно скубење и повлекување, бидејќи тоа може да доведе до растење на влакното подкожно.
Добро е да знаете дека веѓите полесно ќе ги искубете веднаш по туширањето, кога порите се поотворени, а влакната помеки. Не заборавајте за осветлувањето кое не треба да биде премногу силно, бидејќи ќе го видите баш секое влакно на лицето и може да ја претерате со постапката.