Живот и Стил

Златно „петминутно правило“ за поголема доверба меѓу детето и родителот

Златно „петминутно правило“ за поголема доверба меѓу детето и родителот

Кога првпат ќе го фати детето во лага, кај родителот обично се јавува изненаденост, но и загриженост. „Тиктокерката“ Менди Грас, која инаку е мајка, советува отворен, мирен и искрен разговор од само пет минути меѓу детето и родителот.

Нејзиното „петминутно правило“ значи задолжителни пет минути посветеност кон детето и мирен разговор за сѐ што му е на ум – без прекорување, гнев, осуди и без напади.

– Обично, пет минути се доволни за да се исповедаат сите лоши постапки… Додека јас растев, кога имав потреба да разговарам со родителите без осудување и страв, би ги замолила за тие „пет минути“. Во тие пет минути тие само ме слушаа, без викање и врескање, вели Грас.

Таа потоа истакнува дека тоа „петминутно правило“, сепак, не треба да биде бесплатен билет за сите лоши работи што ги прават децата.

@thefamilybehaviorist The five minute rule has been a game changer for my parenting. The premise is that my kids can ask for 5 minutes at any time for anything and it guarantees a calm discussion. This doesn’t mean there won’t be a consequence! I used this often as a child any my kids are already utilizing it. #behavior #behaviorchange #fiveminutes #5minutes #honesty #parents #parenting #parentingtips ♬ original sound – Mandy Grass

„Иако тој петминутен разговор ќе биде мирен, тоа не значи дека нема последици… Без разлика што нема да му викате (на детето)“, објасни таа.

Грас ги поттикнува родителите да ги охрабрат децата да ги искористат тие пет минути. Таа смета дека тоа е одличен начин за градење здрав разговор и доверба.

Извор: Курир

To top