Живот и Стил

Златниот ползавец ги чисти штетните материи во просторијата, ја потикнува продуктивноста

Златниот ползавец ги чисти штетните материи во просторијата, ја потикнува продуктивноста

Идеален е како украсно растение за затворен простор бидејќи ја промовира продуктивноста и ја намалува концентрацијата на штетни материи во затворен простор. Одгледувањето на ова растение е многу едноставно.

Кај нас златниот ползавец уште се нарекува и шарен ползавец или ѓаволски бршлен,а тоа е ползечко растение со големи овални листови кои имаат светло зелена боја со истакнати бели дамки.Потребно е осветлено или засенчено место и воопшто не сака директно сонце.Може да го отстрани формалдехидот од воздухот, како и многу други штетни материи. За нас е важен фактот дека околу 70 проценти од детоксикацијата на телото се прави преку дишење,затоа е исклучително важно да се живее и работи во простории со чист воздух.Златниот ползавец сака редовно наводнување,но не треба да се претерува и коренот не треба да остане долго во водата – редовно празнете ја подлогата. Ако забележите кафени дамки на лисјата, треба да го зголемите наводнувањето и почесто да го навлажнувате воздухот.

Извор: Попара.мк

 

Поврзани теми

To top