Радио Милева Убаво кажано

Животот носи лекции, важно е само колку и како ќе ги совладаш: Снеже Влеков има цврст став за својата вредност, а со статусот им го разубави денот на следбениците (фото)

Животот носи лекции, важно е само колку и како ќе ги совладаш: Снеже Влеков има цврст став за својата вредност, а со статусот им го разубави денот на следбениците (фото)

Животот пишува романи и од судбината не се бега, се реченици кои многупати сме ги слушнале, прочитале…

Сепак, секој од нас со исклучок од работи од кои не може да се избега, сме самите кројачи на својот живот, вината не мора да се бара во другите, туку изглезот секогаш може да се најде ако се оди по вистинскиот пат, дури и ако некогаш изгледа невозможно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

ТВ водителката Снеже Велков многу често преку социјалните мрежи знае да подели некои животни мисли, прочитани, искусени и слично.

Со својата последна објава на својот Инстаграм профил како што коментираат, таа им го разубави денот на оние кои ја прочитаа и посочија дека она што го сподели е голема вистина и убаво кажано, а гласи:

-Не ставај цена таму каде си потценет

Можеш да бидеш најубавиот цвет
Во продавница за компјутери никој нема да те забележи

Можеш да бидеш и најскапиот часовник
Во продавница за детски играчки никој нема да те забележи

Можеш да бидеш и најубавиот фустан
Во продавница за машки одела никој нема да те види

Можеш да бидеш најлековитиот пијалок
Во продавница за пиво никој нема да те забележи

Можеш да бидеш најубавиот пар патики
Во продавница за автомобили никој нема да те забележи

Затоа:
Внимавај каде ја нудиш и продаваш својата вредност.
Внимавај со кого си ја мериш силата
Бирај со чие метро си ја мериш големината

Најди си го местото, не се нуди таму каде си безвреден

Не се покажувај таму каде што не те гледаат

Не ставај цена таму каде си потценет.

Џабе е да викаш гласно таму каде другите се глуви за тебе.

Џабе е и да зборуваш убаво таму каде не ја фаќаат твојата фрекфенција

Џабе се покажуваш јасно таму каде другите се слепи за тебе

Имаш ти свој терен за трка и своја полица за изложување, имаш и излог за покажување ама мораш да си го најдеш местото каде припаѓаш.

Само таму ќе си ја дознеш вредноста!

Не лутај, напредувај!, пишува Снеже.

Животот е наш, постапките ги бираме ние, затоа делувај на вистинскиот начин, бидејќи нели, еднаш се живее!

фото:Инстаграм/Снеже Велков

To top