Живот и Стил

Зимски трендови: Бели модни парчиња кои ќе ја осветлат зимата пред првиот снег

Зимски трендови: Бели модни парчиња кои ќе ја осветлат зимата пред првиот снег

Белото за лето е сосема вообичаено, но бело во зимата е сосема друга приказна. Во морето од црни, темно сини и сиви јакни и палта кои се спојуваат со зимските денови и ноќи, белата се издвојува со својата етеричност и елеганција која им пркоси на временските околности.

Некои древни модни правила велат „Don’t wear white after Labour Day“, но одамна заклучивме дека нема модна еволуција без прекршување на правилата. Меките џемпери и фустаните се како облак што нè гушка во зима, јакните се јоргани што ги носиме надвор, а белите чизми се чевли во кои самоуверено шетаме по градските улици.

Белата може да биде екстремно префинета како комплетен изглед, или интересен акцент во ‘all black’ комбинации, па затоа одбравме неколку парчиња кои на нивните текстури ќе им дадат неочекувана топлина, создадени за најавените снежни денови пред нас!

извор: попара.мк

To top