Радио Милева Нови почетоци

Жика Јакшиќ останува сам, Драгана си оди од „Гранд“?

Жика Јакшиќ останува сам, Драгана си оди од „Гранд“?

По 24 години работа во „Гранд продукција“ и на истоимената телевизија, Драгана Катиќ ја напушта оваа медиумска куќа. Според „Ало.рс“, познатата водителка решила да се префрли на телевизијата „Пинк“.

‒ Познато е дека понудите за нови деловни ангажмани доаѓаат во јуни, кога завршува телевизиската сезона, па Драгана неодамна ја добила оваа понуда – изјавил неименуван извор за споменатиот весник и додал:

‒ Предлогот да се приклучи на „розовото јато“ дојде како последна желба на лидерот на „Пинк“ да ги собере најпознатите водителски ѕвезди во својата медиумска куќа. Драгана со години водеше програми кои според својот жанр беа исклучиво музичко-забавни емисии, а како што сега стојат работите, на „Пинк“ ќе се врати на телевизискиот формат што ја прослави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Katić (@dragana_katic)

„Ало“ потсетува дека кариерата на Драгана започна во „Радио-телевизија Белград“, каде што ја водеше утринската програма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Katić (@dragana_katic)

‒ Драгана треба да биде главното и водечко лице на новиот концепт на Утринската програма на „Пинк“, која ќе стартува во септември. Понудата многу и се допадна бидејќи, покрај тоа што се враќа на нејзиниот примарен жанр на забава и информирање, и дава можност да се претстави и пред новата и старата публика во полн сјај на своето долгогодишно искуство. Покрај водителката, на Драгана и беше понудено и уредник на утринската програма во деновите кога работи, што за неа претставува голем предизвик и задоволство. На овој начин ќе може да се занимава со теми кои лично ја потресуваат, ја инспирираат или возбудуваат – заклучува изворот.

фото:Гранд промо/Инстаграм

To top