Со изведбата на „Сонце за три светови“, велешанецот Мики Секуловски го освои жирито во тековната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а истото воодушевување го доби и од следните претставувања.
Коментарот дека е најдобар меѓу досегашните учесници кои пеат рок песни, му го кажа Марија Шерифовиќ, што беше сосема доволен знак дека Мики заслужено ќе го гледаме и во останатите изданија од оваа сцена, a ништо поскромни не беа ниту останатите членови на жирито.
Некои можеби се сеќаваат на него, а некои можеби и не, но за Мики музиката секогаш била на прво место, освен кога пред шест години заминува во Белгија каде работи како келнер со цел да му помогне на своето семејство.
Дури и тогаш песната и натпреварувачниот дух не го напуштаат, па и таму се пријавува на белгиското издание на „The Voice“.
За Секуловски музиката никогаш не тргнала од музичките шоуа, туку напротив, тој има завршено средно музичко, а денес е дипломиран оперски пејач.
Неговиот живот секогаш се движи во ритамот на музиката, некогаш во побавно темпо, а некогаш ултра забрзано.
Така му беше и пред 14 години кога за инстантно време стана популарен како финалист во македонското музичко шоу „Македонски Идол“.
Тогаш на истата сцена се натпреваруваше со: Билјана Ѓошева, Јана Бурческа, Виктор Апостоловски, Иван Раденов…
Таа приказна заврши, а Мики продолжи во кариерата, сними неколку песни, а имаше и фестивалски претставувањa.
Но, кога ќе те снема извесен период, кај нас толку треба за да те подзаборават, се додека не се случи нов бум, како сега со „Ѕвездите на Гранд“, нова прилика, нова шанса, нова реклама и актуелност.
Македонците досега биле едни од најуспешните во актуелното шоу, а веруваме дека и Мики е на пат кон врвот, а оваа приказна ќе му заврши далеку поуспешно од претходните.
фото: Facebook/Miki Sekulovski/ printscreen You Tube/Zvezde Granda
видео: You Tube