Младата ултра актуелна музичка ѕвезда Антониа Гиговска никогаш не мирува. Кај нема пауза од ништо. Чува дете и прави се’ околу мајчинството кое не смее да трпи, а за неа очигледно не трпи ниту кариерата, музиката и се’ останато.
Повод и идеја за нешто ново скогаш има, особено кога е празник како што е Денот на вљубените.
Антониа реши да реализира специјална и тематска фотосесија за Свети Валентин, избра стајлинг и фризура, а потоа тргна во акција и реализација на истото.
Со себе го понесе и синчето Киан кој наскоро ќе полни 7 месеци, а е најубавата придружба на мама особено што секогаш има и сака некој да го придржи, а мама да брка работа.
Мама Тониа се дотера во мини црвено фустанче, стилистот ја нашминка со впечатливи црвени усни, а косата беше посебен момент со украсите од црвени срциња кои изгледаа слатко и уникатно на нејзината фризура со опавче.
Иако фтосесијата во целост ја најави за нешто подоцна, Антониа на своите обожавателки, особено помладите, им даде идеја за барем делумно да имаат вака впечатлив детаљ на косата за вечер со саканиот.
Како ќе изгледа комплетнотото фото дело со повод, останува да видиме наскоро…
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa