Постојат толку многу жени кои стареат достоинствено, што за момент ќе помислите дека времето врз низ фрлило некаква магија, а токму една од нив е нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска.
Таа не многу сака да зборува за своите години, но секогаш со доза на духовитост знае да се пошегува на сметка на својата возраст. Вчера, (15.Октомври) Лила го славеше својот ден – роденден!
Бројот на годините воопшто нема ниту да го споменеме, бидејќи кога станува збор за Лила, тоа воопшто не е важно поради енергијата и младешкиот дух кој го има во себе. Секоја година таа беше досладна во организирањето големи роденденски прослави, но овој пат го спакува куферт и реши да патува, додуша не толку далеку, само до Солун ама барем според она што го објави на Инстаграм, денот и не и помина така помпезно како досега.
Понекогаш и одморот е најдобриот подарок за душата, а Лила овој роденден не откри со кого го помина на море, но доста бурно и помина со роденденски честитки кои ја преплавија на социјалните мрежи.
Фотографија до фотографија со фановите, пријателите, саканите… кои и посакаа само зборови за секое добро.
Добриот изглед како и секој ден за Лила е задолжителен ама овој пат беше специјален – жежок и секси сочинет од црвено сако во цветен принт, мини здолниште споено со високи црвени чизми кои го имаа главниот стилски печат.
На фотографиите торта не видовме, туку хамбургери на роденденското мено. Дали апетитот толку и се „отвори“, па сите ги нарача за себе или пак имаше некое тајно друштво кое не се заситува лесно, остана мисретија.
Како и да е, на Лила и посакуваме уште многу родендени, здравје, насмевки и полно срце!