Живот и Стил

Жешко ви е, а веројатно ги правите овие грешки

Жешко ви е, а веројатно ги правите овие грешки

Некои луѓе само поради овие грешки ја зголемуваат својата мака во текот на жешките денови.

Надвор е жешко, а вие сакате да се оладите под ладен туш? Немојте, затоа што тоа само ќе ви го отежне поднесувањето на високите температури.

Подобро да се истуширате со млака вода затоа што ладната вода на неприроден начин ја намалува температурата на вашето тело па тоа нема доволно време природно да се спротистави на надворешната температура. Површинските рецептори на кожата, помагаат и на вакви високи температури да се чувствуваме пријатно.

Освен туширањето со ладна вода, не треба да пиете и претерано ладни напитоци.

Трошите драгоцена енергија
„Слично влијание има и пињето на ладни напитоци затоа што вашиот оладен организам потоа мора повторно да се прилагоди на горештините кои владеат, а со тоа трошите само енергија“ – објаснува д-р Дирк Сковач, експерт за интерна медицина, кардиологија и пулмологија.

Ладните напитоци моментално ве разладуваат, но можат да резултираат со стегање на крвните садови со што се намалува губењето топлина. Ладните напитоци го разладуваат само горниот дел од системот за варење и брзо ја примаат температурата од телото, а поради тоа не ја намалуваат температурата на целиот организам.

Правило број еден во текот на топлите денови – Пијте многу течности!
„Помеѓу, 2.5 и 3 литри вода дневно, и навистина мислам на вода“ – вели д-р Сковач.

Избегнувајте алкохол
Германскиот државен центар за здравствено образование предупредува на потенцијалното лошо влијание на консумирањето алкохол во текот на топлите денови.

„Влијанието на алкохолот е побрзо и посилно кога надвор е многу топло и кога сме изложени на голема сончева светлина“ – истакнува д-р Хеидрун Таис.

Исто така треба многу да внимавате доколку во текот на овие денови вежбате на отворено.

„Не вежбајте во текот на најголемите жештини, а најдобро е воопшто да не вежбате кога надворешната тмпература е екстремно висока“ – изјавуваат докторите.

Јадете лесна храна
Поради високите температури организмот бара храна која е полесна за варење, богата со вода и минерали кои се губат од организмот преку потењето.

Организмот не треба да го оптеретувате со намирници кои тешко се варат како на пример сувомеснати производи, пржена храна, похована храна и намирници со многу маснотии.

извор:точка.ком.мк

To top