Живот и Стил

Земја на несекојдневни правила и начин на живот: 15 факти за Австралија кои не сте ги знаеле

Земја на несекојдневни правила и начин на живот: 15 факти за Австралија кои не сте ги знаеле

Денеска ве водиме во земјата на кенгурите во која важат некои помалку необични правила на живот – добредојдовте во Австралија!

1. Австралија има една приватна територија која е поголема од цела Белгија.

2. Еден од најубавите градови во Австралија – Мелбурн, некогаш се нарекувал Батманија.

3. Австралија е земја на кенгурите, а податоците велат дека нивниот број е поголем во однос на луѓето – 25 милиони жители наспроти 34,3 милиони кенгури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australia (@australia) on

4. Австралија има повеќе од 10.000 плажи. Доколку секој ден би посетувале една плажа, би ви биле потребни цели 27 години за да ги посетите сите.

5. Ова е земја со најголеми пороци. Речиси 80 отсто од жителите се обиделе да се коцкаат, а голем дел од нив станале зависни од тоа.

6. Езерото Хилер плени со својата убавина поради розовата боја. Научниците сè уште не се сигурни од каде потекнува неговата нијанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australia (@australia) on

7. Во книжарниците во Австралија ќе наидете на книги замотани во хартија на која е напишана кратката содржина на книгата за ниту една да не се истакнува. Пораката е дека книгите не треба да се судат според кориците.

8. 10-те најопасни видови на змии живеат токму на територијата на Австралија.

9. Коалите се заштитен знак на Австралија, покрај кенгурите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australia (@australia) on

10. Во Австралија постои растение кое може да ви предизвика повраќање доколку го допрете.

11. Гласањето е задолжително. Доколку не се одзвете на гласање, ве чека казна.

12. Австралија е втората земја во историјата која се изборила за еднакви права на жените.

13. Сè поголем број луѓе заминуваат во Австралија на одмор, но остануваат засекогаш таму поради добрите услови. Минатата година тој број изнесувал 62.000.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australia (@australia) on

14. Наместо дадилки, во Австралија е популарно да најмите постара жена да се грижи за децата, но и за домаќинството, како вистинска баба.

15. Најпопуларното женско име е Шарлот кое станало актуелно по раѓањето на ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

извор:точка.ком.мк

To top