Живот и Стил

Зелено „злато“ кое го намалува холестеролот, шеќерот во крвта и крвниот притисок: Ова растение има магична моќ

Зелено „злато“ кое го намалува холестеролот, шеќерот во крвта и крвниот притисок: Ова растение има магична моќ

Моринга е растение кое го нарекуваат и чудотворно дрво, дрво на животот, а кај нас е достапно во прав.

Морингата е по потекло од Индија и тоа што е карактеристично за неа е тоа што секој дел од растението се јаде и може да се користи во алтернативната медицина.

Ова растение е извор на витамините Б2, Б6, Ц и А, како и магнезиум и железо. Има високо количество на кверцетин кој влијае на намалувањето на високиот крвен притисок и хлорогена киселина која го намалува нивото на шеќерот во крвта.

Ова растение поседува и антифламаторни и антидепресивни својства, па се користи и во третманот кај некои автоимуни заболувања.

Морингата го намалува и лошиот холестерол и има голема улога во слабеењето. Ја храни кожата и косата, ги јакне коските, го штити црниот дроб. Индијците тврдат дека ова растение делува на над 200 болести.

Многу лесно може да ја вметнете во исхраната, само потребно е малку од правот да додадете во јадењето, смутито или пак некој друг напиток, а можете и само да ја помешате со вода и да ја пиете наместо чај.

Обрнете внимание и користете мали количини поради тоа што таа има лаксативно дејство и може да предизвика стомачни тегоби, секако пред да ја користите консултирајте се со вашиот доктор.

Трудниците и доилките исто така не смеат да ја користат поради тоа што може да предизвика некои несакани дејства.

извор:точка.ком.мк

To top