Една од најголемите ѕвезди на Балканот, препознатлив е по долгата коса, имиџ кој го негуваше со години, а сега се појави и негова фотографија од младоста.
Фотографијата на Здравко Чолич (71) од помладите денови направи хаос на мрежите. Некои се согласуваат дека тој е најфаталниот човек, додека други не можат да го препознаат.
Чола во младоста имал кратка фризура.
На оваа фотографија Здравко позира во униформа составена од сива кошула закопчана до грло и војнички костум во зелена маслинеста нијанса.
View this post on Instagram
“Беше убав! Неповторлив на сцена”, “Прв пат во животот го гледам со кратка коса”, Какво време беше, кога Чола служеше и воен рок”… се само дел од коментарите.
Инаку, иако денес е една од најголемите регионални ѕвезди, малкумина знаат дека своевремено се занимавал со сосема друга работа.
Имено, тој во периодот од 1985 до 1989 година живеел во Загреб и работел во стопанството.
– Бев еден вид менаџер и човек кој имаше одредени вложени средства во областа на телефонијата. А пошироката јавност дозна дека се занимавам со мал бизнис дури кога ме уапсија во Охрид за претворање на кредитни средства во девизи. Во Македонија тогаш беше поевтино да се купуваат девизи отколку во Белград и Загреб – рече еднаш.
фото:Ало.рс/Инсатграм