Ако живеете во зграда, на колку повисок кат сте, толку подобро за вашето здравје. Барем така вели едно истражување спроведено на Универзитетот во Берн.
Според податоците од истражувањето навистина е важно на кој кат живеете.
Научниците истражувале 142.590 смртни случаи во Швајцарија (луѓе кои живееле во високи згради) помеѓу 2000 и 2008 година и дошле до многу интересни заклучоци. Откриено е дека луѓето кои живеат на приземје или пониските катови имаат дури 40 отсто поголеми шанси да заболат од сериозни белодробни заболувања отколку луѓето кои живеат на 8 кат или повисоко.
Исто така, луѓето кои живеат на катови пониски од осмиот имаат 35 отсто поголем ризик од срцеви заболувања. Во просек, луѓето кои живеат на приземје или на катови под осмиот имаат 22 отсто поголем ризик да починат порано од луѓето кои живеат на повисоки катови.
Истражувачите сметаат дека клучни фактори се поголемото загадување на воздухот и бучавата на пониските катови.
Меѓутоа, живеењето на повисоки катови носи и свои ризици. Шпанско истражување покажа дека луѓето кои живеат во повисоките катови имаат поголема веројатност да добијат, на пример, алергија на сено отколку оние кои живеат на село. Имено, во текот на летото поленот се издигнува во атмосферата како што расте дневната температура, а кога воздухот почнува да се лади навечер поленот повторно се спушта и преку отворени прозорци влегува во становите на повисоките катови.
Исто така, треба да се има на ум дека практиката прилично го негира ова истражување. На пример, секој агент за недвижности ќе потврди дека најбараните станови се на третиот кат, како и оние на првиот и вториот кат. Што е сосема логично, бидејќи не зависите од лифтот.
Извор:Курир.мк