Живот и Стил

Здрава супа од коприва: Брзо и лесно се прави, а помага при многу проблеми

Здрава супа од коприва: Брзо и лесно се прави, а помага при многу проблеми

Копривата е лековито растение кое расте речиси насекаде. Како што започнува нејзината сезона, искористете го максимумот и направете вкусни јадења.

За да заштедите што е можно повеќе од нејзините хранливи материи, не треба долго да ја готвите, само малку пржете ја. Копривата го подобрува функционирањето на дигестивниот систем, го детоксицира организмот, добра е за чистење на крвта и бубрезите, позитивно влијае на панкреасот и помага во намалување на шеќерот во крвта… Ова се само дел од придобивките.

Состојки: 300 грама коприва, 5 компири.

Подготовка: Сварете ги компирите и кон крајот додадете ги копривите кои сте ги исчистиле. Оставете уште неколку минути, а потоа сè соединете со миксер или во блендер. Зачинете и декорирајте по желба.

Извор: Извор.мк

To top