Целерот е многу здрав зеленчук. Храната припремена со целер е здрава и уште повкусна, така што имате победничка комбинација.
Крем чорбата од целер ќе ве згрее, а неговите здрави состојки ќе помогнат во зачувување на оптималното здравје на вашиот организам.
Потребни состојки:
– 500 гр. корен од целер и листови
– еден морков
– еден компир
– сол, бибер, зачини
– павлака или грчки јогурт – по желба
– 2-3 парчиња леб за крутони
Начин на припрема:
1. Измијте го зеленчукот, исецкајте го и сварете го. Внимавајте, тој треба да биде сварен во малку вода и да биде многу мек.
2. Откако ќе се свари, ставете го во блендер заедно со водата во која се варел и изблендирајте, а тоа можете да го направите и со рачен миксер.
3. Додајте сол, бибер и останати зачини по желба, а потоа ставете уште малку вода.
4. Густината ја одредувате вие – доколку сакате погуста крем чорба, ставете помалку вода и обратно.
5. Ставете го изблендираниот зеленчук во тенџере на оган и почекајте да зоврие.
6. Потоа, додајте малку павлака или грчки јогурт, а можете да сервирате и со неколку ливчиња целер.
7. Исечкајте го лебот на коцки и направете крутони кои ќе ѝ дадат дополнителна арома на чорбата.
извор:точка.ком.мк