Постои една многу важна лекција која треба да ја запомниме и си ја повторуваме кога имаме лош ден, месец или лоша година.
Работите ќе се променат. Нема вака да се чувствуваме засекогаш. Понекогаш најтешките лекции кои треба да ги научиме се оние кои ѝ се најпотребни на душата.
Јас верувам дека не можете да почувствувате радост, доколку претходно не сте почувствувале тага.
Не можете да го доживеете чувството на успех, доколку не сте доживеале неуспех.
Не можете да знаете што е светлина, ако не сте ја виделе темнината.
Не можете повторно да се издигнете кон врвовите, доколку претходно не сте допреле дното.