Технологијата за компјутерска генерација секојдневно се подобрува, и веќе е стигната до тој степен да не можете да направите разлика помеѓу тоа што е реално и тоа што е анимирано.
Оваа технологија, којашто до скоро беше користена само за специјални ефекти, сега ги проширува своите граници. Така настанала и Има – јапонската виртуелна манекенка којашто ја „запали“ модната индустрија.
View this post on Instagram
Има го добила своето име според јапонскиот збор „има“, што значи „сега“, и без сомнение го претставува цутот на модерната технологија. Погледнете ги фотографиите со неа и едноставно нема да можете да им верувате на сопствените очи. Таа изгледа како вистинска модна манекенка која има дури и сопствени Инстаграм и Твитер профили.
View this post on Instagram
Нејзината кариера толку брзо се развива, што таа веќе била на насловната на списанието „CGWorld“. Неверојатно, се согласувате?
View this post on Instagram
извор:кафепауза.мк