Кориналдо уште во 2007 година било прогласено за најубаво село во Италија, а воопшто се смета и за едно од најдобро сочуваните места во средновековен дух.
Тешко е да го изберете најубавото италијанско село или пак да смислите патување „road trip“ кое вклучува сè што сакате да видите. Сепак, доколку одите на север од Италија, убаво е да размислите за посета на Кориналдо.
Таму се мешаат историјата, архитектурата и виното, како и во остатокот од Италија, но и некои посебни традиции и атракции.
Кориналдо е сместен во провинцијата Анкона на источното крајбрежје од Италија, а препознатливо е по своите масивни ѕидини од 14-ти век.
Ѕидините таму се долги до 912 метри и сместени се во најимпресивниот регион Марче.
View this post on Instagram
Можеби помалку ќе ве разочара податокот дека ѕидините кои ќе ги видите по доаѓањето пред Кориналдо не се оригинални.
Оние вистинските настрадале во 14-ти век, а папата Урбан V набрзо потоа издал дозвола за нивна реконструкција.
Денешните ѕидини сепак не се ништо помалку импресивни и величествени – содржат сè од средновековните елементи…
Уште во 2007 година ова село е прогласено за најубаво во Италија, а воопшто се смета и за едно од најубавите зачувани места во таков дух.
View this post on Instagram
Логично, местото станало многу популарно меѓу посетителите, особено меѓу љубителите на вино кои ја ценат понудата која ја има Кориналдо, а особено ќе го ценат домашното вино Вердикио.
Одличен повод за посета на Кориналдо е Ноќта на вештерките која таму се слави со стил секоја година.
Неделата воочи Ноќта на вештерките селото се претвора во хорор престолнина исполнета со бројни работилници и активности. Прославата на украсените улици завршува со Мис вештица, но ова сè уште е нормално кога ќе го споредите со Фестивалот на лудаци.
Имено, прекарот на ова место е „село на лудите луѓе“. Во тоа име секоја пролет се организира луд фестивал во текот на кој имате можност да освоите „пасош на лудак“.
View this post on Instagram
Потребно е да затрчате кон бунарот којшто се наоѓа на скалите, да врескате и да се вратите на почеток од скалите. Некој од селските лудаци потоа ќе би го подари локалниот пасош.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Извор:Точка.мк