Панчо-ДНК пред девет години се соочи со загубата на најважната личност во неговиот живот, неговата мајка, Каќуша Свилиќ.
Тој секоја година на денот на нејзиниот роденден споделува колку му недостига, а таков случај беше и сега, бидејќи таа празнината останува неисполнета.
Неговото срце е скршено, а таа рана останува вечно да боли.
„Откако не си тука, секој твој роденден е рана која не зараснува. Ќе останеш мој наголем пораз. Среќен роденден таму горе некаде и запеј им на тие околу тебе“ – напиша во емотивната порака која ја сподели со јавноста преку социјалната мрежа Инстаграм.
Тој на својата мајка и посвети и една од своите песни која ја пее со полно емоции:
„Секој од нас изгубил некој свој ближен и сакан. За жал, некој порано, некој подоцна, но болката во срцето и душата е секогаш неподносливо иста“.
„Овој рефрен е посветен на сите оние кои го почувствувале чемерниот јад и болка од прераната разделбата со своите сакани. Запаметете дека саканите личности иако не се тука меѓу нас, тие секогаш живеат во нашите срца сè дури ние ги споменуваме. Овој рефрен е посветен на Каќуша Свилиќ, мојата мајка и вечна хероина од моето детство и младост“ – изјави тогаш Панчо.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб