Живот и Стил

Жалфијата ублажува многу здравствени тегоби

Жалфијата ублажува многу здравствени тегоби

За време на владеењето на Карло Велики, жалфијата се садела во секоја градина и се сметала за најлековита билка. Таа се користела за лекување на речиси сите болести и имала статус на свето растение.

Латинското име на жалфијата (Salvia officinalis) потекнува од зборот „salvare“ што значи „да се спаси/да се излекува“. Оваа билка се користела како главна состојка во смесите за балсамирање во гробниците на фараоните. Грчкиот лекар Диоскорид ја користел за лекување на крварење, треска, камења во бубрезите и нередовна менструација.

Од активни состојки, жалфијата содржи етерични масла салвиол, пинен, цинеол, борнеол, камфор, како и танини, горки супстанци, протеини и скроб.

Освен етерични масла, таа содржи и калиум, калциум и натриум, а во народната медицина е позната како една од билките кои најдолго се користат.

Жалфијата има исцелувачки ефект бидејќи ја чисти крвта, стимулира исфрлање на слуз од респираторните органи и помага при враќање на апетитот. Таа е исто така одлична и за лекување на воспаленија на грлото и крајниците.

Жалфијата може да влијае на лекување на ревматизам, гихт и нервни нарушувања поврзани со овие болести.

Чајот од жалфија е многу важен за доилките бидејќи истиот го поттикнува лачењето на млеко, а се верува и дека може да ги намали шансите од спонтан абортус.

Лековитите својства на жалфијата најдобро можете да ги искористите доколку направите чај или сируп.

Чај од жалфија
Прелијте 1-2 лажички жалфија со 200 мл. зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Чајот треба да се консумира барем 2 пати дневно.

Сируп од жалфија
За сирупот од жалфија е најдобро да ги берете врвовите кои само што расцветале бидејќи тие содржат најмногу активни и лековити состојки.

Потребни состојки: 300 гр. цвет од жалфија, 50 гр. лимонтус, 3 литри вода, 2,5 килограми шеќер.

Подготовка: Ставете ги цветовите од жалфија заедно со лимонтусот и водата да зовријат, а потоа оставете ги да отстојат 24 часа во поклопен сад. По 24 часа, процедете низ газа, додајте го шеќерот и повторно варете додека не зоврие смесата. Врелиот сируп ставете го во претходно дезинфицирани стаклени шишиња и добро затворете.

извор:точка.ком.мк

To top