Со пролетта, надоаѓаат и алергиите. Имуниот систем кај некои поединци добро не разликува што е свое, а што туѓо, што треба да брани и што да напаѓа. Интересно е тоа што покрај многуте проблеми кои еден надразнет имун систем може да ги прави, постои и една огромна предност.
Имено, многу научни студии покажуваат дека луѓето со алергии може да имаат намален ризик од појава на рак. Значи нивниот имун систем покрај тоа што им прави очигледни проблеми – состојбата на зголемена будност и раздразливост му помага подобро да ги лоцира и елиминира туморите во развој.
Се поставува прашањето: има ли начин да го поттикнеме нашиот имун систем да биде поактивен, но без притоа да ни прави проблеми и да ги напаѓа нашите ткива и органи, или без да претерува кога ќе дојде во контакт со безопасни суптстанции? Значи, само подoбро да не’ брани!
Група научници во Австралија го испитувале токму ова прашање. Испитаниците ги поделиле на две групи. Едната јадела вообичаено, а другата се хранеле исто, но со додаток од супа од шампињони секој ден. За една, недела, испитаниците во групата со шампињоните покажале пораст на ИгА во плунката за 50%. Ефектот траел уште една дополнителна недела по испитувањето.
Дополнително, бил утврден и силен анти-воспалителен ефект на печурките. Значи,имунитетот бил зајакнат, без да се предизвикаат несакани споредни дејство по здравјето. Се чини дека токму печурките се одговор на нашето прашање.