Тие две важат за најмоќните вокали на македонската забавна сцена, колешки и пријателки кои музиката ги спои заедно на мултимедијалниот настан на Терапија- Зборувај за Скопје“.
Музејот на град Скопје кој е еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, беше локацијата каде имаше настан за урбаното и модерно Скопје, а се во знак на сеќаваќето од разорниот земјотрес пред 60 години.
Ова беше поводот колешките да се стокмат од глава до петици и секако да бидат во склад со пригодата.
За двете изборот падна на непогрешливото црно. Тамара беше во елегантна минималистичка тоалета со асиметрично декте кое совршено и прилегаше.
Каролина пак, за разлика од помладата колшка, се одлучила за спортска маичка и кусо здолниште со висок струк. Се на се’ и двете модерни и урбани и сосема компатибилни за пригодата.
Рамо до рамо една до друга позираа за спомен и секако за на социјалните мрежи, а вие одберете која е вашиот моден фаворит.
фото:Фејсбук/Тамара Тодевска/ Инстаграм принтскрин