Од содржините на Вистина неодамна имавте прилика први да дознаете дека естрадната брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцоски ќе прават свадба, а информацијата од прва рака ја добивме од младоженецот.
Па така, како најавија, така и направија. Првите објави на Инстаграм осамнаа кај зетот, кој уште во еден напладне заедно со својата машка дружина и семејството почна да слави. Тргнаа по старите обичаи, викнаа музика за по невеста и откако удри тапанот и чукна првата здравица, еуфоријата и возбудата започна уште повеќе.
Иако свадбата не им се случува по ред, зашто склучија граѓански брак минатата година, а веќе имаат и плод на љубовта, малиот Киан, свадбата можеби е временски задоцнета, ама уште послатка.
Редот тргна со одењето по невеста, која за портебата се врати кај мама и тато, па откако завршија со сите планирани свадбени адети, младите тргнаа да си ветат љубов и пред Бога, а со тоа со тоа да завршат комплетно како со граѓански, така и со црковен брак.
Откако бидна и тоа со светиот чин, следеше она највозбудливото – свадбата во еден познат скопски ресторан.
Антониа и Роберт ништо не заобиколија, па сакаа се’ да изгледа како во бајка.
Декорацијата од црвени природни ружи го красеше комплетниот амбиент уште од влезот на салата, па се’ до главната маса на младите обиколена со стоптици црвени цветови.
Првото поздравување со гостите на влезот беше уникатно и посебно емотивно затоа што во рацете на младоженецот беше нивното синче Киан.
Дотерано во свечена бебешка облека што го правеше уште посладок за да им го украде шоуто на мама и тато.
Секој во свој филм, невестата во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак младоженецот лежерен во тренди кежуал парчиња несвојствени за свеченост од ваков тип.
Очигледно и очекувано дека невестата била таа што посветила повеќе внимание на себе, па во текот на вечерта облече уште една венчаница, овој пат куса и повторно од тантела, но со долги ракави, а на нозете носеше патики за да биде што поопуштена за полесно играње и стоење на нозе до крајот на ноќта.
Како што претходно најави младоженецот, на сбадбата присутни беа околу 300 гости, а покрај роднините и пријателите на семејствата Гиговски и Спасенцоски, најголем дел од беа соработниците од естрадните кругови, како на невестата, така и на младоженецот.
Па така, меѓу оние кои славеа за љубовта и бракот на Антониа и Робет беа: Композиторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и саканата Лејла Рамковска, колешките Лина Пејовска, дизајнерката Ива Спасовска, стилистот Даниел Николовски, Александар Дадар и многу други…
Камерите од мобилните беа вклучени кај сите кога младите го заиграа првиот танц, а невстата на крајот заврши во рацете на саканиот.
За се’ да биде на ниво, а атмосферата плафон, особено за музичкиот дел, беа задолжени група „Арија“ на кои младите им ја препуштија довербата.
Социјалните мрежи вриеја од фотографии и видеа од големиот ден на Анониа и Роберт, а во продолжение погледнете ја галеријата од најинтересните моменти.
Честитки до младите на кои им посакуваме цел живот да си бидат совршено надополнување еден на друг!
фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ jokerdam93