Радио Милева

Зад овој хит на Северина се крие тажна приказна: „Најемотивната песна ја посветив на својата почината пријателка“

Зад овој хит на Северина се крие тажна приказна: „Најемотивната песна ја посветив на својата почината пријателка“

Хрватската пејачка Северина Којиќ беше гостинка во емисијата  „Премиера викенд специјал“  каде што зборуваше за својата кариера, а се потсети и на некои нејзини песни кои се слушаат и ден денес.

Имено, Северина откри дека една од нејзините најемотивни песни „Пријателки (Пријатељице)“ која ја снимила во 1997 година е напиша по вистинска приказна.

фото: Принтскрин/јутуб

Оваа песна Северина ја посветила на својата најдобра другарка која починала.

„Песната требаше да има друг наслов. Мојата пријателка се викаше Марица, а песната требаше да се вика „Марице, моја пријателке“. Но, не можев да го направам тоа поради нејзините родители, а другарите од училиште ми рекоа дека морам да снимам песна за неа“ се потсетува Северина.

Пејачката истакна дека и е многу драго што песната се уште се слуша и дека ја пее на своите концерти.

 

To top